ОК, Tesla Motors што работат на електрични возила и што се главни во тоа е нормално бидејќи заради тоа се основани. BMW, Honda и други производители што исто така работат на електрични возила изгледа нормално бидејќи тие и така имаат огромно искуство со автомобили со стандардни мотори.
Сепак, во денешно време воопшто не е ни чудно веќе кога некоја од другит големи компании влегува во бизниси кои што не биле основни за нив. Пред извесен период можевме да прочитеме дека Apple веќе напорно работи на овој проект и ќе назначи трипати повеќе луѓе од досегашните 600 вработени (значи, околу 1800) за да го завршат проектот до „зацртаната“ година 2019. Возилото засега нема да биде автономно туку ќе биде стандардно електрично возило кое можете да го управувате.
Имајќи предвид дека Apple од компанија која се занимава со компјутери успешно се префрли на телефонскиот пазар, и практично за кратко време го доминираше, ова не е ни чудно. Сепак, големите компании тоа го прават, сакајќи да го разновидат нивното портфолио и да навлезат меѓу првите играчи во одредени домени на технологијата, како на пример што направи Google со автономните возила, мапите, услуги во облак и слично.
Според гласините, проектот е наречен Project Titan, а од Apple се` уште не сакаат да коментираат јавно на него. Знаејќи ја езотеричноста на оваа компанија, ќе мора да очекуваме некое импресивно претставување на еден ваков (за нив) револуционерен производ на некоја од нивните конференции, како што се случи со iPhone.
Извор: VentureBeat, Techno Buffalo