Интеракцијата со 3D предмети може да е многу повозбудлива отколку што мислевме. Како што може да се види од апликацијата во Бирото за регистрација на патенти и трговски марки во САД, Apple работи на интерактивен систем што на корисниците ќе им овозможи интеракција со 3D предмети, проектирани во воздухот.

Со други зборови, системот ќе им овозможи на корисниците да гледаат во 3D слика од даден предмет, со која ќе можат да манипулираат преку разни допири и гестикулации. За сето ова да е возможно, Apple користи голем број на познати техники за приказ на слика, но и сензори, со што доаѓа до создавање на псевдо-холограм.

9055-507-140424-3D_Display-l

 

Целата техника се состои од три делови:

  1. Дисплеј-систем што ја создава главната 3D слика;
  2. Оптички систем што ја преточува главната 3D слика во секундарна што лебди;
  3. Збир од сензори што ја регистрира интеракцијата на корисникот со секундарната 3D слика.

Откако ќе добие информации за интеракцијата помеѓу корисникот и проектираната слика, системот ја обновува главната 3D слика врз основа на податоците. Она што е интересно да се знае е дека проектираната слика е дигитална, односно не се работи за рефлексија на даден предмет.

Според Apple, за да дојде до ваква проекција, потребен е систем во кој инфрацрвени ласери, или други извори на светлина, проектираат слика во средина како нелинеарен кристал. Средината треба да е поставена помеѓу две параболични огледала. На тој начин, главната слика ќе се рефлектира од горното огледало, па во долното, за на крај да помине низ дупка во горното огледало. Овој процес на внатрешна рефлексија доведува до создавање на секундарна 3D слика (холограм), и тоа веднаш над горното огледало. За крај, веќе спомнатите сензори ја детектираат и зачувуваат интеракцијата на корисникот со проектираната слика.

Доколку се’ уште не сте доволно импресионирани од можностите на системот кој штотуку ви го опишавме, можеби следново видео ќе ве натера да го промените ставот. Се работи за технологија што има голем број на сличности со проектот на кој моментално работи Apple. И тука, резултатот е слика со која може да се манипулира.

Извор: AppleInsider

Претходна статијаNokia од денес официјално дел од Microsoft
Следна статијаПреглед – Dell Inspiron 15-7537