Shutterstock.com

Според нов патент кој го има поднесено Apple, како и секогаш интересен случај за пренесување како вест, дознаваме што може да очекуваме во иднина од компанијата или барем на што може да се надеваме.

Во овој случај се работи за патент поврзан со Apple Pencil. Ова дигитално пенкалце може да добие можност за препознавање на бојата на било кој објект врз кој ќе се постави. Тоа значи дека Apple Pencil ќе може да се постави врз некое цвеќе на пример и истата боја да се искористи за цртање на тоа цвеќе.

Во патентот е истакнато дека пенкалото во себе ќе има вградено повеќе фото детектори, односно сензори, кои ќе можат да ги препознаваат повеќето канали на боите според светлината која доаѓа. Со цел да може да се помогне на овој процес, а посебно во потемни услови, пенкалото може да има и светла.

Идејата е јасна. Апликациите кои се користат за цртање, ќе може да ја добијат точната боја на објектот којшто се црта или барем нешто слично, а со едноставно поминување на Apple Pencil над објектот, бојата ќе биде додадена во палетата на апликацијата која се користи.

Од Apple истакнуваат и други намени на една ваква можност на пенкалото, покрај за цртање, па така ќе може да се најде и за калибрирање на екраните и печатачите, во здравствената индустрија, како и за внатрешниот дизајн.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаПрви слики од „послабиот“ Galaxy Note20 после голем број слики од Ultra моделот
Следна статијаЈавниот Правобранител на САД обвини повеќе американски компании за соработка со Кина
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.