… и до било која точка на Земјата за максимум 4 часа. Токму како што прочитавте – една компанија, Reaction Engines Ltd од Оксфорд, О. Кралство, работи на прототип на авион кој ќе може да полета од стандардната атмосфера, излета надвор од неа во вселената и потоа да се врати назад на Земјата.
Всушност овие авиони веќе ги најавивме уште во 2014-та година. Изгледа дека Reaction Engines Ltd веќе се припрема да ги лансира на пазарот. Впрочем, уште тогаш кажавме дека се очекува авионите за прв пат да се лансираат во 2019-та година, што веќе не изгледа толку далеку.
Според тогашните информации, авионот Lapcat ќе патува со брзина од околу 5 маха (1.700 м/с или цели 6.120 км/ч!) и ќе ја има улогата на патнички авион, а Skylon ќе ја има задачата на извршување вселенски мисии. Skylon всушност ќе полетува од земјата како ракета, а ќе слетува како спејсшатл, инженерско решение кое не ми е јасно како му избега на Елон Маск и неговата SpaceX.

Како и да е, новиот договор потпишан со владата на Обединетото Кралство е финалната точка пред таа да вложи дури 60 милиони долари во иновативниот мотор кој ќе ги овозможи овие авиони и кој е наречен Sabre.
Ако се прашувате како точно работи моторот и кои инженерски финти ги имаат вградено, ќе ве изненади фактот што инженерите одлучиле да вметнат метанолски инјектор кој ќе овозможи да не мрзне кислородот и со тоа ќе овозможи патување во различни услови.
Сè уште го чекаме првиот лет на авионите од оваа компанија кои ветуваат да не лансираат во новата доба на супербрзи летови.
Дополнителни информации: IFLScience, Telegraph