На аеродромите во Австралија започна да се применува биометриско препознавање на лик, скенирање на зеница и отпечаток од прст. Ова ќе им овозможи на патниците да поминуваат низ контролните пунктови без да го покажуваат својот пасош или дури и без да разговараат со службените лица.

Од друга страна пак на вработените на аеродромите ќе им се овозможи повеќе време да се посветат на патниците со висок ризик.

Во Австралија пред 10 години беа имплементирани SmartGates кои скенираат пасоши брзо и ефикасно.

Овој амбициозен проект на властите во Австралија се’ уште нема конечно решение. Токму поради ова различни компании започнаа да нудат нивни иновативни решенија. Некои од потребните солуции за овој проект веќе се содржат во SmartGates, но се чини дека не се доволни,  па оттука се бара имплементирање на сосема нов систем. Со новиот систем патниците ќе се движат низ ходниците на аеродромот без да има потреба воопшто да застануваат. Биометриски скенери веќе се тестираат на некои аеродроми во САД, но само за потврда на идентитети од пасош.

Приватноста и безбедноста на патниците се доведуваат во прашање, поради тоа што биометриските податоци ќе бидат складирани заедно со останатите податоци за идентификација. Во Австралија, како и насекаде низ светот, властите не се имуни на хакерски напади. Тоа е нешто на кое што мора да се обрне внимание пред да почне да се користи ситемот. Во јули оваа година ќе се започне со тестирање на аеродромот во Канбера, а во март 2019 се очекува системот да се имплементира низ сите аеродроми во државата.

Извор: Engadeget, FoxNews

 

Претходна статијаGalaxy S8 нема да биде претставен на MWC во Барселона
Следна статијаПредвидување: Нешта кои сигурно ќе се случат во 2017 (според филмовите)