
Веќе многу пати го имаме кажано ова, но ќе повториме – батериите во денешните смартфони, таблети, лаптопи, електрични автомобили и други уреди, не траат доволно. Поточно, не траат онолку колку што се побарувањата на корисниците. Затоа, производителите преминуваат кон нано технологија за производство на батериите, која донесува една цела низа бенефити.
Нано технологијата не е ништо друго, туку намалување на димензиите на сите компоненти на батеријата до големини кои не може да ги види човечкото око. На овој начин, електродите од батеријата можат да примат многу повеќе електрицитет, бидејќи имаат и поголема површина. Тука секако помага и дизајнот како сунѓер, кој дополнително ја зголемува контактната површина.
Благодарение на ова, батериите на производителот HE3DA имаат поголем капацитет за исти димензии споредено со досегашните литиум јонски батерии. Затоа, според претседателот на компанијата, Јан Прохаска, тие воопшто и не конкурираат на останатите производи на пазарот, туку отвораат целосно нов пазар.
За тоа, нивната батерија е и дизајнирана за да може да се наполни преку обновливи извори, што ја прави одличен избор за домовите како начин да се зачува енергијата од сонцето и/или ветерот. И најдоброто од се е што нивната батерија ќе чини половина од цената на стандардните литиум јонски батерии, а за ист капацитет.
Извор: AP News Archive, Energy World, HE3DA