Прототипот на беспилотно возило, со максимален капацитет од 4 патницни е ставен на тест-располагање на жителите на лондонската населба Гринвич. Британците и нивната автомобилска индустрија се далеку зад светските лидери во таа бранша кога се однесува на развивање бесполотни, односно автономни автомобили. Меѓутоа, кога се работи за јавен превоз, дефинитивно имаат со што да се пофалат.

Според информациите кои ги пренесува BBC, локалните жители на лондонската населба Гринвич ќе го имаат на располагање „Хари“(Harry), мало, беспилотно возило, со максимална брзина од 10 милји на час, кое ќе оперира на просторот околу лондонската „О2“ арена. Возилото ќе ги разнесува патниците сосема самостојно, но во тест-периодот во секое време ќе се наоѓа оператор кој ќе ја надгледува работата. Како што е веќе споменато, „Хари“ има капацитет од 4 патници, а за навигација користи софистицирани камери и LIDAR систем.

Иницијаторите на овој проект, Британската лабораторија за истражување на транспортот, целат ваквите возила да станат главната карика на јавниот транспорт во регионите кои не се опслужени со автобуски или железнички превоз. Развивачите на „Хари“ го делат нивното мислење, велејќи дека се цели кон усовршување на софтверот на авто-пилотот со цел тој да стане комерцијално достапен.

Инаку, Велика Британија го предводи развојот на беспилотни возила за јавен траспорт, спонзорирајќи низа слични проекти. Вреден за споменување е концептот на речиси идентични возила кои се очекува да ги пренесуваат патниците низ терминалите на еден од најголемите аеродроми во светот, лондонскиот Хитроу.

Извор: The Verge

Претходна статијаЦрвената верзија на iPhone 7 достапна во iStyle
Следна статијаMSI Trident 3 “убиец“ на конзоли