
Потенцијалните проблеми на 5G мрежата добија еден вид на вирална популарност. Има тврдења до таму дека во места каде што се вршеле тестирања доаѓало до умирање на птици, но сепак нема официјално истражување кое може да даде официјални резултати и информации.
Властите во градот Брисел, каде требаше да се започне со тестирање на 5G мрежа, решија да го прекинат тестирањето и истото да продолжи кога ќе се создадат услови за тоа.
Причината за прекинувањето на тестирањето е што антените кои се користеле за 5G мрежата не покажувале колкаво е нивото на зрачење, па не можело да се заклучи дали тоа е во рамките на дозволеното или не.
Од градот веќе ги имаат зголемено границите за дозволено зрачење внатре и надвор, но тестот на крај е прекинат од страна на министерот за Домување, Квалитет на живеење, Околина и Енергија.
Ова само по себе не значи дека 5G мрежите дефинитивно имаат поголемо зрачење и претставуваат опасност, па луѓето да почнат да се плашат зошто нивното поставување ќе почне и во нашата земја до крајот на годината.
Ваквиот развој на настаните во Брисел може да биде и добро, односно да се направат потребните мерења и да се добие официјален став којшто ќе ги прекине шпекулациите.
Инаку, прекинот на тестот може да доведе до одложување на воведувањето на 5G во Брисел, со што овој град би останал поназад од повеќето други градови во остатокот од светот. Загуба или предност, ова ќе го покаже времето.