Во својот план да произведува возила кои нема да ја загадуваат околината, познатиот германски производител Daimler најави два нови камиони кои ќе бидат целосно електрични, едниот енергијата ќе ја вади од водородни ќелии, додека другиот со стандардна батерија која ќе се полни.

Од Daimler истакнуваат дека со ова тие ја покажуваат својата посветеност на договорот од Париз, односно Paris Climate Protection Convention.

Главната новина од компанијата е камион влекач кој е наменет за долги растојанија и кој ќе работи на водородни ќелии. Со едно полнење на резервоарот овој камион би можел да помине 1.000 километри, па и повеќе, со што се стигнува до километражата која можат да ја поминат дизел камионите. Ова е доста важно доколку било кој производител сака да очекува дека нивниот производ ќе биде баран на пазарот од страна на транспортните компании.

Името на овој камион е Mercedes-Benz GenH2 Truck и уште може да се каже дека е во форма на концепт кој постепено ќе почне да влегува во комерцијална употреба. Од Daimler истакнуваат дека водородните ќелии функционираат со течен водород, наместо со гас, со што се добива поголема густина и можност за добивање на енергија.

Овој камион се планира да почне да се тестира од 2023 година, додека во втората половина од декадата се најавува почеток на сериско производство.

Daimler исто така претставија и нова верзија од Mercedes-Benz eActros, целосно електричен камион со класични батерии, овој пат наречен eActros LongHaul. Како што кажува самото име, овој камион треба да помине поголемо растојание од постојната верзија, а тоа поголемо растојание се најавува на 500 километри. Тоа значи дека се работи за камион наменет за транспорт на помали и средни растојанија.

Мора да се истакне дека покрај тоа што овие два нови камиони користат нова технологија која ќе придонесе до намалувањето на ефектот на околината, тие се направени и во модерен дизајн кој изгледа одлично, а еве во продолжение неколку слики. Целата најава од страна на Daimler Truck, како и сите слики, можете да ги погледнете на овој линк.

ИЗВОРForbes
Претходна статијаЗачувување на слободата на изразување на медиумите и информирање при олеснување на глобалната здравствена криза
Следна статијаApple ќе воведе „mini“ ознака кај iPhone според неофицијалната објава на имињата на iPhone 12 моделите
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.