Во видео направено во чест на Лени Смут, пронаоѓач во Disney, презентиран беше еден „уред“ кој може да биде решението за движењето на корисниците во виртуелната реалност.

Ова е проблем кој досега има мал број на не баш практични решенија, односно како да се овозможи слободно движење на корисниците додека ги имаат ставено очилата за виртуелна реалност, без да се удрат во некој ѕид или маса, на пример.

HoloTile е името на најновото откритие од Лени Смут кое овозможува едноставно решение за движењето на корисниците, без потреба од електроника и без огромни и гломазни делови.

Се работи за мали плочки во тркалезна форма кои се поставени едни до други и се движат во сите насоки. Едноставно и очигледно кога ќе се види, HoloTile им овозможува на корисниците да се движат во било кој правец, а подот не им дозволува да се тргнат од него, како што истакнува Смут.

Дополнителна предност на HoloTile е што овозможува повеќе од еден човек да се движи на него, па практичната примена е доста подобра од било кое друго решение.

Иако овој производ би можел да најде примена во неколку области, сепак јасно е дека тој е направен и би се користел како додаток на виртуелната реалност, а ќе видиме дали и кога ќе го видиме во продажба.

Лени Смут стои зад пронаоѓањето на повеќе работи во Disney, а еден од најпознатите е „lightsaber“ од Star Wars. Тој е вториот човек од компанијата, после Волт Дизни, кој е дел од „National Inventors Hall of Fame“.

Претходна статијаНови Viaplay Select серии на Pickbox NOW кои не сакате да ги пропуштите
Следна статијаПовик за Мастер часови за медиуми и новинарство во дигиталното доба
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.