Компанијата Dubuc Motors го презентираше својот најнов производ, електричниот спортски автомобил наречен Tomahawk. Овој автомобил, како и сите други електрични автомобили, има завидно стартно забрзување. Изразено во бројки тоа би изгледало вака, од 0 до 100 километри на час за само 3 секунди. Друга работа поврзана со ова возило која е уште поинтересна од забрзувањето е километражата која што може да ја помине со едно полнење на батеријата. Оваа километража изнесува одлични 600 км со едно полнење.
Производството на Tomahawk се одвива целосно на северно американско тло. Компанијата Dubuc Motors посветила цели 12 години во истражување и развивање на технологијата потребна за производство на еден ваков автомобил. На него има панорамски кров кој овозможува целосно уживање при возењето, вграден Wi-Fi hotspot за зависниците од интернет, камера од 360 степени која снима во реално време, и hands-free гласовни команди. Шасијата е изработена од алуминиум, додека пак ентериерот е од carbon fiber.
Од Dubuc Motors велат дека со нивниот спортски модел ги дополнуваат Tesla, која нуди само седан и SUV верзии. Се уште никој не може да се пофали дека поседува Tomahawk автомобил, но истиот може да се резервира на нивниот вебсајт за цели 5.000 долари.
Резервациите достигнале бројка од 6 милиони, што е завидна сума споредбено со сите останати автомобилски компании кои работат со резервации на истиот начин. Tomahawk може да го добиете во шест различни бои и тоа, зелена, црна, црвена, жолта, портокалова и во комбинација од две различни бои. Сумата за ова возило ќе биде 125.000 долари, а производството започнува оваа година.