Производителот на едни од најпознатите и најмногу користени екрани кои треба да наликуваат како обична „хартија“, E Ink, работи на развој на ваков екран којшто ќе се превиткува. Ова е прилично важна вест за оваа технологија поради фактот што корисниците можеби и најмногу би добиле корист од нејзиниот развој.
За разлика од мобилните/таблет уредите, кај кои ќе чекаме подобро да бидат развиени, кај E Ink уредите не прави голема разлика „фалтата“ на местото на превиткување, односно на средината од екранот, поради тоа што овие уреди се користат во главно за читање на книги, па неперфектната средина од уредот може да овозможи и повеќе автентично искуство за читателите.
Моментално нема информација кога E Ink екран кој се превиткува би бил достапен официјално на пазарот, па да може да се очекува некој од производителите, како Amazon, на пример, да претстават Kindle читач кој за затвора како книга.
Од видеото на почетокот од статијата од „Goodereader“ може да се забележи дека E Ink веќе има поминато неколку фази на напредок на својот уред, па може да се очекува негово довршување до крајот на годината.
Овој екран од E Ink исто така ќе им овозможи на корисниците да пишуваат, односно бележат и означуваат, со електронско пенкалце, но се’ уште самиот начин на работа на овие екрани не овозможува нешто посебно добро искуство.
Сепак, главната добивка од E Ink екранот кој се превиткува е добивање на уред кој наликува и се превиткува како книга, за кого корисниците ќе добијат најслично можно искуство како читање на обична хартиена книга.
Поради тоа што овој екран не емитува своја светлина, не е ист со начинот на работа на другите екрани, E Ink во својот концепт уред имаат вклучено две сијалички на горната страна кои може да се вклучат доколку се чита во темни услови.