Фото: Car and drive
Фото: Car and driver

Постоечката верзија на целосно електричен Mini E конечно ќе добие свој наследник. Моделот од 2008-ма година произведен во лимитиран „тираж“ од само 500 возила, а користен за целите на BMW групацијата и тестирањето на, тогаш новиот вид на батерија, во блиска иднина ќе добие свој заменик.

Новото електрично возило се очекува да се најде на патиштата во 2019-та, а се подразбира да вклучува модерен, футуристички дизајн, со особен детал посветен на LED-осветлувањето, запечатена решетка (на предниот дел, инаку препознатлив елемент за Mini), како и нов дизајн за бандажите.

Моделот сеуште има статус на концепт, меѓутоа од компанијата уверуваат дека истиот би можел да се најде во комерцијална употреба за многу кусо време. За почеток, она што го претставија од компанијата остава одличен впечаток и ги прецизира очекувањата.

Што се однесува до внатрешниот дел, за разлика од својот претходник кој немаше задни седишта, новиот ќе го дели ентериерот со BMW i3. Комплетната презентација може да се очекува на франкфуртскиот авто-саем кој се одржува во септември.

Извори: Car and driver

Претходна статијаGigabyte направи супер мала верзија на Nvidia GTX 1080 графичката картичка
Следна статијаMOAI е роботот кој ви е потребен доколку имате аквариум