Водата индиректно веќе се користи за генерирање на електрична енергија, но обично за тоа е потребно движење кои придвижува турбини кои потоа генерираат енергија. Водата секако има уште потенцијал да се користи во оваа индустрија, па една шведска компанија работи на едно решение.
Eco Wave Power компанијата развива систем кој овозможува да се генерира електрична енергија од брановите на морињата и океаните. Ова е доста погодно поради големиот број на локации каде оваа технологија може да се постави, а брановите не се нешто кое недостасува на бреговите.
Начинот на којшто функционира оваа технологија е прилично едноставен. На брегот се поставуваат таканаречени пловки кои се движат со движењето на водата, односно од брановите, а тоа движење придвижува клипови кои се поставени внатре во пловките.
Движењето на клиповите создава притисок кој потоа придвижува хидрауличен мотор од чија креирана механичка енергија се придвижува генератор кој на крајот ја генерира електричната енергија.
Компанијата веќе има започнато со имплементација на својата технологија на неколку места, а не гледаме зошто истата не би се користела многу помасовно.