
Кога ќе се земе во предвид фактот дека ваква технологија постои веќе подолг период, а во последните години почна да добива помош од вештачката интелигенција, воопшто не чудат ваквите бројки.
Поточно, на презентација на својата I/O конференција, директорот на Google, Сундар Пичаи, истакна дека нивната технологија за препознавање на гласот на корисниците има стигнато до стапка на грешка од само 4,9%.
Ова е одлична бројка, а исто така може да се претстави дека Google погрешно ќе го препознае нашиот глас, односно тоа што го кажуваме еднаш во дваесет случаеви.
Бројките се однесуваат за корисниците кои говорат на англиски јазик, очекувано, меѓутоа истата технологија се користи и за другите јазици, па со нивното воведување, може да очекуваме иста или барем слична точност со тек на време.
Извор: VB