kp1nqcrp5dzpbckfplae

Сведок за тврдењето од насловот се најновите „гуми“ (пневматици) од компанијата Vittoria наречени G+. Се работи за гуми кои имаат сличен дизајн како стандардните гуми-за-сè, но се далеку подобри по цела плејада перформанси и карактеристики.

Vittoria новите гуми ги има создадено од стандардна гума за велосипеди која на својата површина е покриена со графен дебел неколку јаглеродни атоми. Овој слој е невидлив, но значително ги менува карактеристиките на гумата, правејќи ја многу поиздржлива и стабилна. Во исто време, при кочење и вртење гумите на Vittoria со ваквиот дизајн омекнуваат овозможувајќи подобар зафат на површината и подобри перформанси. Кога, пак, се возат на прав терен без вртење тие се цврсти и овозможуваат зголемена брзина на движење со помалка потрошувачка на енергија.

Графенскиот слој е цврст и издржлив, па и со значајно малтретирање гумите ќе бидат способни да ги служат велосипедистите на долги патеки. Тоа би значело дека возењето по агресивни патеки ќе биде полесно и нема да биде предвремено прекинато од дупнат, оштетен или излезен пневматик.

Инаку за графенот се наоѓаат еден куп нови својства и примена во разни технолошки решенија. Претходно пишувавме за најмалата светилка на светот направена од графен, како неговото пржење придонесува за подобрување на електроспроводливите карактеристики, за слушалки од графен кои се со подобар звук од стандардните, неговата улога во создавање на вештачка кожа, во лесни велосипеди, и така натаму. Изгледа дека применливоста на овој материјал не застанува и може да донесе вистинска миниреволуција во технолошкиот напредок.

Кога се работи пак за велосипедисти, каде напредокот постојано се движи кон полесни, поспособни и поиздржливи велосипеди, веруваме дека пневматиците на Vittoria ќе донесат вистинска позитивна промена во овој свет.

Дополнителни информации: Gizmodo, PopSci, Vittoria

Претходна статијаJob Fair – Чекор поблиску до твојата кариера
Следна статијаКако да ги зачувате фотографиите од Spotlight на Windows 10