Honda to Showcase “Cooperative Mobility Ecosystem” at 2017 Consumer Electronics Show

Вештачката интелигенција ќе има многу примени во нашиот живот во иднината и во многу работи ќе го замени човекот. Идејата на Honda е и нивните автомобили да имаат вештачка интелигенција, придружена и со емоции, односно со посебен “emotion engine” кој може да „глуми“ емоции. Бидејќи, нели, машините немаат емоции.

Концептот е електричен, како и скоро секој друг концепт автомобил на планетава денес. NeuV има и карактеристичен дизајн, но веројатно нема да ги забрза срцата на многу љубители на автомобилите. Едноставно, изгледа премногу како некој футуристички кујнски елемент. Исто така, концептот ќе биде наменет само за возење во градски услови, бидејќи има прилично мали димензии.

Сепак, со овој концепт Honda сака да покаже други технологии, а не дизајн или пак функционалност. Имено, NeuV е автоматизирано електрично возило, што значи дека ќе има одредена доза на автономно возење. Исто така, автомобилот е опремен со вештачка интелигенција со емоции. Нејзината цел? Сопственикот на возилото да може подлабоко да се поврзе со својот автомобил.

На пример, замислете дека сте нерасположени секое утро кога одите на работа. NeuV ќе го знае тоа и ќе проба да ве орасположи или пак дури и да ви се придружи во тагата кога сте вие тажни. Секако, тешко е да се изведат комплексни емоции и автомобилот нема да може вистински да ги чувствува, но како и да е, ова делува навистина близу до филмските автомобили како Herbie или KITT, кои имаат сопствени емоции.

Honda NeuV ќе биде претставен на CES во Лас Вегас во Јануари 2017 година. Сериски модел секако не треба да очекуваме, но многу од технологиите употребени во овој автомобил во иднината би можеле да се најдат во некои од моделите на производителот.

Извор: The Verge, Engadget, Tech Times

Претходна статијаКако да ги менаџираме финансиите?
Следна статијаGalaxy S8 нема да има 3,5 mm излез за слушалки?