Кинеската компанија Hybrid Kinetic за прв пат се појави во автомобилскиот свет во 2010 година, кога најавија производство на возила со хибриден мотор во Алабама во САД. Но иако тоа не им успеа, сепак оваа компанија не се откажува од американскиот пазар, па повторно најавија учество на овој пазар во 2019 и 2020 година. Тоа планираат да го направат со нивниот најнов модел H600 којшто го претставија на авто шоуто во Женева оваа година.
Како што може да забележите, дизајнот на ова возило е речиси совршен и тоа не е случајно, бидејќи дизајнот го направи италијанската фирма Pininfarina која што е задолжена за дизајните на многу модели на Ferrari, како и на класичниот модел Maserati Birdcage. Покрај феноменалниот дизајн, овој H600 модел нуди и нешто плус што му дава предност пред другите кандидати. Станува збор за мала турбина која се користи како генератор за енергија и напојување на електричниот мотор кога батеријата ќе се потроши. Комбинирано батеријата и оваа турбина нудат речиси 1.000 километри пат со едно полнење.
Јачината на моторот е 804 коњски сили, што е доволно за развивање брзина од 0 до 100 километри на час за помалце од три секунди. Планот на кинеската компанија Hybrid Kinetic е нивниот модел H600 да го произведува во Кина и да го извезува во САД. Нивната цел е производство на 200.000 автомобили годишно во период од 5 до 10 години од нивното започнување со работа. Покрај H600 моделот, оваа кинеска компанија планира да претстави уште два други модели на авто шоуто во Шангај.
Извор: DigitalTrends