Jaguar конечно влегува во светот на електричните автомобили. Ова ќе го направи нивниот прв електирчен модел I-Pace Concept кој што дефинитивно има што да понуди. Овој модел ќе може да се купи на пазарот дури во 2018 година. Има погон на сите четири тркала и огромни 400 коњски сили.

Jaguar I-Pace Concept има повеќе адути со кои ќе им се спротистави на неговите опоненти, но најголемата предност секако е опсегот на километри кои што може да ги помине со едно полнење. Опсегот од 500 километри со едно полнење го сместува овој модел на самиот врв веднаш до Tesla Model S. Слично на Dual Motor моделот на Tesla, I-Pace Concept има два мотора, едниот на задната, а другиот на предната оска на тркалата.

Овие два мотора овозможуваат забрзување од 0 до 100 километри на час за само 4 секунди. Полнењето на батеријата трае околу 2 часа, со тоа што полнењето на околу 80% од батеријата е помалку од 90 минути. Ентериерот на ова возило е дизајниран за да може без проблем да собере 5 возрасни особи. Главниот интерфејс во внатрешноста е претставен во форма на 10 инчен екран, а под него има уште еден секундарен, помал 5,5 инчен екран на кој што може да се следат некои основни информации, како навигација и слично.

Инаку влезот на Jaguar во светот на електричните автомобиле не е големо изненадување. Особено ако се знае дека веќе подолго време се шпекулираше дека токму оваа компанија развива платформа на две електрични возила, седан и теренец.

Извор: Electric Vehicle News, Car and Driver

Претходна статијаSamsung скинот за Android веќе нема да се вика TouchWiz – сега е Samsung Experience
Следна статијаCortana за Android и iOS доби нова надградба со поедноставен изглед