Еден прекрасен сончев ден, си возите низ полиња во Јапонија. Гледате мала грпка пред вас и пред да ја поминете одеднаш слушате како преку неа прелетува со огромна брзина нешто што звучи како воз – но изгледа како научнофантастична провидлива појава во која си го гледате и сопственото возило. Што се случи?!
Се „случи“ воз на Seibu железници. Се работи за компанија која нарача од познатиот јапонски архитект Казујо Сеџима да и` биде направен провидлив воз (и нормално, соодветни вагони). Возот нема да биде невидлив, секако.
Архитектот Сеџима сака да ја направи надворешната површина од специјален систем на огледала и провидливи материјали кои ќе овозможат привид на „невидливост“ т.е. поточно вклопување во околината. Површината на возот ќе ја одбива околината на таков начин што ќе изгледа дека е провидлив, а всушност се работи само за паметно пренасочување на светлината.
Како што ќе изјави самата Сеџима, „Овој воз ќе патува низ разновидни околини, од планините Чичибу до средината од Токио и помислив дека ќе биде добро ако возот може нежно да соегзистира со таа разлика на околини. Исто така би сакала да биде воз во кој голем број на луѓе можат да се опуштат, како во дневна соба, и да си помислат „сакам повторно да се возам во тој воз““.
Се очекува возот да биде пуштен во употреба во 2018-та година, а не се знае какви ќе бидат другите негови карактеристики, како на пример, потрошувачка или тип на погон. Веројатно дека ќе биде стандарден воз кој оди по пруги, а не маглев, но останува да видиме.
Кој стигне да вози низ Јапонија во 2018-та, два совета:
- внимавајте на провидни возови кои „шибаат“ низ полиња
- возете се во еден од нив
Дополнителни информации: Mashable, Business Insider, India Times