Компанијата која стои зад популарната пушка АК-47, концернот „Калашников“, дел од групацијата „Ростек“, за промена реши да претстави сосема поинаков производ од она на што јавноста е навикната – оружје.

Се работи за летачки прототип на возило кое се одржува во воздух со помош на пропелери. Осумте ротори конструирани околу основниот дел во кој може да се смести човек оддаваат впечаток на летачки-моторцикл. Иако од компанијата овој прототип го нарекоа „летачка-кола“, описот се чини ни приближно точен, со оглед на тоа што возилото не е опремено со тркала.

https://www.youtube.com/watch?v=MIl6Cr8AMsE

Ова не е прв ваков изум кој доаѓа од Русија, туку напротив руските истражувачки центри во последен период вложуваат се повеќе ресурси во развојот на возила со алтернативен начин на движење. Актуелниот прототип потсетува на она што вчера беше претставено во Дубаи, а тоа е првиот автономен, летачки такси сервис. Можеби самиот дизајн не се поклопува, меѓутоа начинот на кој се одржува во воздух, како и погонот се идентични.

Со малку чувство за предвидување, може да се заклучи дека иднината на транспортот, кога се мисли на куси дестинации, во не толку далечна иднина ќе се потпира токму на концептот на летачки возила. Сличноста помеѓу прототипот на „Калашников“ и летачкото такси од Дубаи е невозможно да не се забележи. Обете возила се придвижувани од 8 ротори кои својот погон го добиваат од батерија. Иако не постојат прецизни податоци во врска со перформансите на прототипот, веројатно истите се движат во границите на познатото.

Извори: The Verge, Euronews

Претходна статијаНаучниците потврдија, кучињата навистина чувствуваат љубов кон своите сопственици
Следна статијаКомпанија за апарати за домаќинство ќе произведе електричен автомобил до 2020