Корејските гиганти од автомобилската индустрија Kia и Hyundai во своите автомобили ќе понудат AI асистенција. За оваа цел тие ги здружија силите со компанијата SoundHound која е популарна по својата апликација за препознавање на музика.

SoundHound во последно време се фокусира на креирање на апликации кои имаат за цел да му асистираат на корисникот. Асистентот кој ќе биде наменет за автомобилите на Kia и Hyundai ќе препорачува дестинации, ќе прибира информации во врска со временските прилики или вести и сл. Понатаму, се очекува
Асистентот именуван Паметен Личен Асистент (IntelligentPersonalAssistant) ќе биде претставен на Светскиот саем на иновации (CES). По дебито во Лас Вегас кон почетокот на 2018 ќе се прејде на развој и тестирање. Тестирањата ќе се одвиваат во текот на наредната година а на пазарот ќе се најде некаде во 2019-та година.
Kia и Hyundai одржуваат темпо со конкуренцијата која сѐ повеќе вклучува AI. За потсетување конкурентите од соседна Јапонија, Toyota, Nisan и Honda најавија дека ќе вклучат AI асистент во некој од нивните наредни модели.
Извори: TechCrunch, SGCarMart