Докажувајќи дека е голем фактор во светот на телекомуникациите, Кина го лансира својот прв 6G сателит. Сепак, користењето на ознаката 6G во овој момент не значи ништо, со оглед на фактот дека светот уште е во почетна фаза на имплементација на 5G, а за карактеристиките и стандардите за 6G уште има време додека се разговара и одлучи.

Како и да е, можноста за многу поголем пренос на податоци од моменталната 5G технологија, може теоретски да го стави овој сателит во категорија на 6G. Како што се развива стандардот, овој сателит дефинитивно може да се покаже како важен во тестирањето на технологијата.

Моменталната 5G технологија треба да овозможи брзини во просек од околу 1 до 10 гига бити во секунда. Ова не е главната предност на технологијата, иако е нешто што е доста важно, па 5G овозможува и поголем број на во исто време поврзани корисници и слични придобивки кои се важни за ова време на се повеќе поврзани уреди.

Според теоретските разговори, 6G би требало да ја зголеми брзината на пренос на податоци до лимити сега незамисливи. Колку е тоа реално изводливо ќе покаже времето, но според информациите, 6G може да стигне до брзина на пренос од 8 тера бити во секунда, а ова се разбира е во идеални услови и корисниците не може да очекуваат ни приближно на нивните уреди.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаМакпетрол: Дали треба да се плашиме да пријавиме конфликт на интереси?
Следна статијаApple денес ги претставува своите први компјутери кои работат на сопствен, наместо од Intel чип
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.