Кина веќе одреден период развива концепт на автобус кој треба да реши еден од нивните проблеми на многу гужви, односно густ сообраќај и голем број на патници. Овој концепт тие го претставија на China Beijing International High-Tech Expo саемот, а наречен е Transit Elevated Bus (TEB).
Замислата на TEB е навистина интересна. Автобусот е направен така да неговите тркала се на лентите од коловозот, додека тој е доволно подигнат над него, па возилата може да поминуваат под автобусот. Тоа треба да овозможи движење на автобусот без да влијае на гужвите, односно исто како да не е таму.
Досега само концепт, TEB веќе е изграден во реална големина како прв демо модел кој ќе треба да почне со тестирање. Ќе поминат уште неколку години додека овој автобус биде пуштен во употреба, но интересно е да се види дека се работи на неговата реализација.
За време на презентацијата автобусот е придвижен на патека од околу 300 метри на којашто се има движено со брзина помала и од 50 км/ч. Ова е малку мора да се признае, меѓутоа целта била само да се покаже дека автобусот е изграден и дека може да функционира.
Во годините што следат ќе бидат правени повеќе тестови со крајна цел пуштање на TEB во јавна употреба.
Извор: Engadget