Во иднина Вашето време поминато пребарувајќи на интернет може да загрее нечиј дом во Стокхолм. Зошто Стокхолм? Затоа што таму се наоѓа еден од најголемите податочни центри во светот, и токму тие ја разгледуваат идејата поврзана со искористување на големото загревање кое се случува секојдневно. За да го решат проблемот со загревањето, податочните центри трошат огромни средства електрична енергија за нивно ладење. Оваа енергија најчесто се добива од фосилни горива, мотив плус за да се изнајде решение во иднина.

Во Стокхолм постои компанија Fortum Värme задолжена за греење на станбените згради. Повеќе згради одеднаш се загреваат преку користење на топла вода. Оваа компанија се труди да избегне користење на електрична енергија за загревање на водата. Планот во иднина е да се искористи топлината од податочниот центар во замена за безплатно ладење кое ќе го овозможи компанијата Fortum Värme. Оттука нема да се троши електрична енергија, која често се добива од согорување на фосилни горива, за загревање на водата, ниту пак за ладење на серверите.

Од друга страна, податочниот центар во Стокхолм ќе се напојува со електрична енергија од обновливи извори, која сепак нема да биде доволна и за негово ладење.

Еден 10 мегаватен податочен центар може да загрее дури 20.000 семејства. Моментално податочните центри трошат електрична енергија колку и авионските компании, со тоа што нивната потрошувачка може да се зголеми за три пати во иднина. Градот Стокхолм планира 10% од потребната топлинска енергија во иднина да ја добива од податочните центри.

Извор: Fastcoexist, BBC

Претходна статијаПопуларноста на друштвените мрежи е поврзана со здравјето на корисниците?
Следна статијаПоследниот Concorde „повторно во акција“ после 13 години