Во Русија е изградена цела куќа во рок од 24 часа со помош на 3D принт. Овој објект е дело на стартап компанијата  Apis Cor со седиште во Сан Франциско. Станува збор за 3D принт на ѕидовите на куќата, додека пак други работи како што се електрична инсталација, изолација на ѕидовите итн, направени се од страна на луѓе. Сепак овој објект е изграден за рекордно време од 24 часа. Како што може да се види на сликата, не станува збор за голем објект но ова е само почеток на нова ера во градежништвото која ќе може да прави и многу поголеми објекти во иднина.

Инаку овој објект е голем колку една просечна хотелска соба или еднособен стан. Совршена куќа за тие што се љубители на мали домови. Изградбата на оваа куќа, заедно со инсталирани врати и прозори, чини нешто повеќе од 10.000 долари, што воопшто не е висока сума. Сепак во вкупната сума не може да се пресмета вредноста на земјиштето на кое што е изградена, поради тоа што таа варира во различни држави и различни градови.

Ѕидовите на оваа куќа се заоблени, што значи многу елементи се исто така заоблени. Надворешно се прозорите, додека пак внатре делови од мебелот мора да се прилагодат на овие заоблени ѕидови. Пример за ова е заоблениот телевизор кој што е поставен внатре на ѕидот од куќата. Се поставува прашањето дали би можело уште повеќе да се заштеди доколку имаме рамни наместо заоблени ѕидови.

Извор: Engadget

Претходна статијаНовиот iPhone ќе се вика “Edition”, ќе биде претставен покасно од планираното?
Следна статијаWindows Server ќе работи на ARM чипови