lg-innotek-fingerprint-glass-2

Сензорите за отпечатоци на прсти буквално го преплавија светот на паметните телефони – скоро секој нов модел, дури и ако е од пониските класи, има таков скенер. Сепак, технологијата е сѐ уште во зачеток и скенерите мора да се вградуваат на посебно место на смартфонот, односно на копчето за отклучување.

LG, во соработка со Innotek, кој е под капа на компанијата, разви нов читач за отпечатоци кој може да се смести под стаклото на паметните телефони и без проблем да ги прочита отпечатоците. Поточно, во тој дел стаклото е делумно исечено, односно потенко за 0,3 mm, за да може да се смести читачот, но однадвор, освен ако местото не е јасно одбележано, читачот може и да не биде видлив.

Ова може драстично да ја подобри естетската страна на паметните телефони, кои и покрај револуцијата на големи дисплеи, сѐ уште не можат целосно да се откачат од хардверските копчиња, кои се ѝ натаму присутни во најпопуларните модели.

Скенерот на LG ќе може без проблем да се смести во едно од капацитивните виртуелни копчиња во предниот дел, што може значително да го подобри изгледот на телефонот. На пример, замислете iPhone или Galaxy S без предното хардверско копче…

Од LG тврдат дека овој читач има процент на грешки од само 0,002%, што значи дека ќе згреши само два пати во илјада обиди да го прочита вашиот прст. Сѐ уште нема информација за брзината на читање, но според тоа колку се брзи конкурентите, може да очекуваме дека читачот на LG ќе биде барем конкурентен.

Развојот на читачот на LG не значи и дека конкуренцијата спие. Напротив, треба да очекуваме Apple (Authentec), Samsung (Synaptics) и Huawei (Fingerprint Cards) да имаат одговор на оваа технологија или пак уште некоја друга иновација која дополнително ќе ја олесни употребата и ќе ги направи поефикасни овие направи.

Извор: Android Central, The Verge, Engadget

Претходна статијаIntel го прекинува развојот на Atom чипови за паметните телефони
Следна статијаПаметно ремче за мачки кое зборува