Во некои држави каде што има високи температури и изложеност на сонце, се прават напори таа сончева енергија да се искористи со тоа што ќе се претвори во електрична енергија. Но дали сте помислиле дека таа електрична енергија подоцна може да се користи за ладење на објекти во истите тие држави поради високите температури. Значи тука работите се вртат во круг на некој начин. Токму поради ова тим научници од Универзитетот во Колорадо создадоа материјал кој ја рефлектира сончевата енергија и на тој начин ја одржува температурата на одредено ниво.
Тоа е материјал кој се поставува на крововите на објектите и ја рефлектира сончевата светлина назад во атмосферата. Материјалот е со сребрена боја која му дава изглед на огледало, Овој процес е познат како пасивно радиоактивно ладење. Пасивното ладење е процес кој е сосема спротивен од greenhouse ефектот, каде што топлината се апсорбира и се задржува внатре. Една од најважните работи поврзани со овој материјал е цената, која што изнесува 50 центи за производство на еден квадратен метар. Доволно ниска цена за подоцна продажната цена да биде сосема достапна за секој обичен граѓанин.
Од 10 до 20 квадратни метри се доволни за една просечна куќа да остане „ладна“ преку лето. Покрај поставувањето на кровови од објекти, овој материјал може да се користи и за подобрување на ефикасноста на панелите за соларна енергија. Дури и соларните панели можат да се прегреат кога се изложени на високи температури, што ја намалува ефикасноста на истите.