McLaren пробува да се издвои од конкуренцијата со нови иновации. Најновата иновација која ни доаѓа од оваа автомобилска компанија е ротирачката инструмент табла. Оваа ротирачка табла е инсталирана во нивниот најнов супер автомобил кој што ќе биде претставен во Женева наредната недела. Таа ќе нуди два различни екрани, едниот е за обично возење, а другиот е за трки. За обично возење има голем TFT екран кој што прикажува неколку работи, како брзина, вртежи и слично.
Тркачкиот екран се појавува автоматски кога ќе се избере track mode опцијата, но исто така има и копче со коешто може да се активира. Основните податоците на тркачкиот екран се прикажани на лента која не зафаќа голем дел од екранот. Според компанијата ова е поради тоа што не сакаат вниманието на возачите да биде одвлечено без потреба, и информациите кои им се пружаат на возачите да бидат пренесени во наједноставна форма што може.
Ова е само една од информациите коишто моментално се познати во јавноста за најновиот супер автомобил од McLaren. Моментално не е познато ниту името на нивниот нов производ. Наредната недела ќе се знае многу повеќе, откако автомобилот ќе биде претставен. Инаку McLaren важи за една од најиновативните автомобилски компании, особено кога станува збор за тркачки и супер автомобили. Фановите на McLaren добро го паметат моделот F1 street version кој доживеа неверојатна популарност, а моделите P1 и 675LT Spider се едни од највпечатливите модерни супер автомобили.
Извор: DriveSpark, TheVerge