Valkyrie

Научниците од NASA го претставија својот нов робот – Valkyrie, со кој ќе земат учество во DRC (DARPA Robotics Challenge) натпреварот за роботи што ќе се одржи на 20 декември во Флорида.

Valkyrie ќе се натпреварува против други хуманоидни роботи, меѓу кои ATLAS и PETMAN на Boston Dynamics. Натпреварот ќе се состои од осум фази во кои ќе се тестира издржливоста и самостојноста на роботите, а победникот ќе освои 2.000.000 долари како награда од владата на САД.

Роботот е висок 1,9 метри и тежи 125 килограми. Функционира на батерија која се наоѓа на задниот дел од торзото и истата може да издржи околу еден час пред да се испразни. Valkyrie е дизајниран да извршува најразлични човечки функции во хазардни услови кои не се погодни за луѓе. Можностите на роботот вклучуваат одење по нерамен терен, управување со возила и користење на разни алати.

Претходна статијаInstagram го претстави Instagram Direct сервисот
Следна статијаАвтоматско прикажување на сликите во Gmail