Научниците сметаат дека постои нова, револуционерна форма на хидро-електрична енергија, со потенцијал да ги надмине конкурентните начини за добивање на обновлива енергија. Имено, тим од научници од Универзитетот Колумбија е убеден дека постои начин за производство на електрична енергија со помош на природното испарување на водите на езерата. На сличен начин како експлоатирањето на соларната или енергијата добиена од движењето на воздухот, овој процес се случува насекаде и постојано, меѓутоа недостасува негово конкретно експлоатирање.

Принципот на функционирање, едноставно објаснет, би бил поставување на генератор над површината на езеро. Водата која испарува би придвижувала ултра-лесни перки кои би ја генерирале енергијата. За успешна реализација на ваквиот потег потребни се огромни површини на мирна вода. Според тимот научници најпогодни региони за тестирање и развој на оваа технологија би биле Јута, Тексас, Калифорнија, Минесота и Флорида. На списокот се наоѓаат и други држави, познати по своите езера меѓутоа, според проценката на научниците не се истакнуваат по својот потенцијал.

Според предводникот на тимот, Озгур Сахин, водените површини имаат низа предности во однос на соларната и енергијата од ветер, па овој концепт би можел да биде рапидно развиен во наредните 10-тина години.

Извори: PopularMechanics, TechnologyReview

Претходна статијаЕлон Маск објави „фотографии“ од евентуална база на Месечината и град на Марс
Следна статијаКаратистите на Макпетрол се вратија од турнирот ,,Kроација опен во Ријека,,