NFC Forum, организацијата која стои зад развојот на стандардите за NFC технологијата, а е составена од компаниите како Apple, Google, Qualcomm, Sony, Huawei и други, ги најави плановите за развојот на оваа технологија до 2028 година.
Оваа технологија е најпозната по нејзиното користење за бесконтактно плаќање преку мобилните и часовниците, како и за брзото поврзување помеѓу два уреди.
Плановите за наредните неколку години ќе ја направат технологијата повеќе практична, но исто така ќе овозможат проширување на листата и видот на уреди кои ја користат.
Од NFC Forum набројаа неколку од новините кои се планирани, а истите детално ќе бидат презентирани на вебинар кој ќе се одржи утре.
Првата е зголемување на моќноста за безжично полнење преку NFC. Моментално технологијата е ограничена на 1 ват, а се планира зголемување на до 3 вати. Ова треба да овозможи нови уреди кои ќе ја користат технологијата.
Втората новина која се најавува е неколкукратно зголемување на опсегот на NFC, односно оддалеченоста на двата уреди за да се воспостави врска. Моменталниот опсег е 5 милиметри, поради што двата уреди скоро треба и да се допрат, а предлогот е тој да се зголеми и до 3 сантиметри.
Дополнително од форумот најавија е можност за проширување на функциите, модернизирање на комуникацијата и споделување на информации за одржливоста на уредите.