car

Cruise е систем во развој од американска стартап компанија кој што се додава на вашиот автомобил и со тоа се овозможува негово управување од страна на системот. Може да се каже дека овој систем е нешто измеѓу само-управувачките автомобили кои што ги развиваат некои компании, како таа на Google на пример и Cruise Control системот достапен во подобрите автомобили. За разлика од само-управувачките автомобили, Cruise нема да ви овозможи целосно предавање на контролата на управување, односно нема да може да зададете дестинација и автомобилот сам да ве однесе. Исто така постојните и стари Cruise Control системи овозможуваат одржување на зададената брзина, а некои од нив може да забават во одредени ситуации, меѓутоа не се во можност да го вратат воланот или да прават слични посложени активности.

Cruise системот во основа е еден вид на многу понапреден Cruise Control систем, кој што овозможува управување на автомобилот на автопатиштата, контрола на брзината, одбегнување на пречки, менување на лентите, заштита од сообраќајни несреќи и слично. Се вклучува преку посебно копче кое што се вградува со автомобилот, заедно со компјутер со багажникот и контроли за воланот и педалите.

pod

computer

button

Моментално системот е во тест фаза и е вграден во модел од Audi. За да може да работи развивачите потребно е да направат снимање на автопатиштата, по што тие ќе бидат поддржани од системот. Планирано е да се продава по цена од 10.000 долари и да може да биде вграден во избрани модели од автомобилите.

Извор: The Verge, Cruise

Претходна статијаПоголем простор на OneDrive за сите корисници, 15GB бесплатно и 1TB со Office 365
Следна статијаYahoo Aviate официјално достапна за сите корисници
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.