beyond_01

Samsung оваа недела го претстави Project Beyond, проект кој што вклучува 360 степена камера која што исто така снима во 3D. Намената на оваа камера ќе биде да сликаните слики и видеа ги пушта на уреди како што е Gear VR, очилата за виртуелна реалност од оваа компанија.

Во својата основа оваа камера е спој на 16 камери поставени во круг кои сликаат во целосен HD формат (1080p) заедно правејќи фотографии од 1 гигапиксел на секунда. На овој начин тие го опфаќаат целиот видеокруг и овозможуваат да се оствари вистинска омниснимка од 360 степени. Дополнително, самите камери фотографираат во 3D овозможувајќи да се симулира и 3D простор. Кога снимките се споени со Gear VR изгледот е одличен.

DSC02140.0.0

Овој уред е дизајниран во оваа верзија да биде статичен, што значи дека снимките кои се изведуваат со него се сликани од една фиксна позиција. Во случај ако користите уред за виртуелна реалност со овие снимки засега ќе можете само да ги прегледувате на позицијата каде што се снимени, но не и да се движите низ просторот. Засега се направени снимки од Сан Франциско, а се планира и на други места во светот кои на страната на Project Beyond се претставени како „можност за корисниците веднаш да се пренесат на повеќе места“.

Погледнете го видеото за Project Beyond каде што ја претставуваат својата мисија:

Би било интересно да се види накаде ќе се развива технологијата на виртуелна и надградена реалност во комбинација помеѓу уреди кои овозможуваат да се прегледува таквиот надграден свет и вакви уреди кои можат да снимаат прецизна снимка од околината што ќе овозможи да се направи точна копија на реалниот свет кој потоа ќе може да се менува по желба.

Извор: The Verge, Engadget

Претходна статијаДостапен нов build за Windows 10 Technical Preview
Следна статијаЗапознајте се со зачетоците на 4D печатењето