Фановите на Star Wars ќе бидат презадоволни со најновиот производ од компанијата Aerofex , фантастичното лебдечко возило Aero-X. Иако не е ‘’hoverboard’’ како во култната серија, сепак е одлична реализација која ќе може секој да ја има во 2017 и тоа за 85,000 долари.

fff

Aero-X има многу мала тежина благодарение на материјалите кои се користени за изработка на ова летало. Неговата шасија целосно е изработена од композитни јаглеродни влакна и порад тоа тежи само 365 килограми. Ќе се напојува со нормален три цилиндричен мотор на гас и резервоарот за гориво ќе биде доволно голем да издржи лет од 85 минути. Поради неговата мала големина само 2 индивидуи (со вкупна тежина помала од 140 килограми заедно со багаж) ќе бидат во можност да летаат со Aero-X при брзина од 72 километри на час. Тие ќе имаат можност и вертикално да полетуваат и слетуваат со овој интересен изум.

ff

Aero-X има прилично возбудливи апликации. На максимална надморска височина од околу 12 метри ова летало/возило може да се вози речиси насекаде. Може да се вози над пустини, полиња, ридови, по текот на реките и езерата. Поради тоа што максималната висина изнесува 12 метри не е потребна лиценца за пилот.

Досега никој нема создадено вакво летало поради неможноста во исто време да биде стабилно, лесно да се контролира, да биде забавно и безбедно. Но, Aerofex со голем број на истражувања и употреба на нови технологии успеа ова летечко возило да може да се управува како мотор. Во основа сите летала се нестабилни и е потребно големо искуство за нивно возењe, но со ефектот на спојување од компанијата успеаа да го направат невозможното.

fffff

Прототип на Aero-X прв пат е демонстриран во 2012, а со комерцијалната верзија се планира да се започнат тестни летови во 2016. Уште од денес може да се преземаат нарачки со очекувана испорака во 2017 година.

Извори: Аerofex, ЕxtremeTech

Претходна статијаGoogle претстави нов самоуправувачки автомобил без волан, гас и кочница
Следна статијаПрвата широкопојасна безжична конекција на Месечината