Starbucks, познатиот бренд на кафетерии од САД, кој има повеќе од 15.000 локации низ земјата, започна пилот програма со која ја тестира можноста за поставување на полначи за електрични автомобили кај секоја од нивните локали.
Вакво нешто би било доста логично и корисно, со оглед на тоа дека за разлика од сегашните автомобили кои се полнат со бензин или нафта за неколку минути, полнењето на електричните автомобили е процес кој трае барем 20тина минути и тоа со брзите полначи.
Корисниците кои патуваат како и да е застануваат да се напијат кафе, да јадат нешто, па доколку самата продавница им нуди можност да ги наполнат своите автомобили, тој процес бил можел да помине незабележливо.
Од Starbucks започнаа пилот програма во САД, во соработка со Volvo и ChargePoint, со која ќе ја тестираат исплатливоста и генерално начинот на функционирање на полначите за електричните автомобили во дел од нивните локации.

Тестот вклучува поставување на 60 полначи на 15 локации од Денвер до Сиетл во САД, дел од земјата каде има недостаток на вакви полначи, па покрај на патниците, ќе им се погоди и на луѓето кои живеат во овој дел.
Достапноста на локациите на Starbucks на овој дел ќе овозможи да има полнач за електричните автомобили на секои 160 километри, а растојанието помеѓу градовите е околу 2200 километри.
Оваа пилот програма на Starbucks е дел од генералниот правец кој го има компанијата за зголемување на еколошката свест во нивното работење, преку рециклирани чашки и слични други активности и практики.