Студенти од Delft University of Technology од Холандија го поставија новиот Гинисов рекорд со нивното возило кое функционира со помош на водород. Тие го надминаа претходниот рекорд од поминати 2.055,7 километри поминувајќи 2.488,4 километри.

Сето ова е постигнато со еден резервоар од 1 килограм, без негово надополнување, се до целосно празнење и застанување на возилото. За поминување на оваа оддалеченост биле потребни околу два дена, односно тестирањето траело од 23 до 25 јуни на стаза за трки во Германија.

Овој натпревар помеѓу студентите е дел од Eco-Marathon кој го организира компанијата Shell и е направен со цел да ги мотивира студентите да направат свои дизајни за автомобилите на иднината.

Водородот како гориво за автомобилите е доста важен, а посебно што функционира независно од електричната мрежа која ќе станува се повеќе оптоварена поради популарноста на електричните автомобили. Со ќелиите на водород во основа се создава електрична енергија, а како нуспроизвод се што останува е вода и топлина.

Возилото на холандските студенти е наречено ECXIII и е специјално развиено за ваквите тестирања. Тоа значи дека е мало и не е замислено да се користи како превозно возило во нормални услови. Тежи само 72 килограми и е направено од материјали како јаглеродни влакна и слично.

ИЗВОРTNW
ИЗВОР 2Eco-Runner
Претходна статијаКорисниците на Pocket ќе мора да користат Firefox сметка од идниот месец
Следна статијаThreads од Instagram официјално станува достапна на 6 јули
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.