DRONE212

Развојот на овие мали беспилотни летала нагло порасна изминатите година дена, па тие почнаа да се користат комерцијално, односно и од обичните корисници. Тоа е овозможено во главно од моделите со достапни цени, па можевме да видиме некои од нив и во нашата земја.

Намените на дроновите се огромни, од професионално снимање на видеа, па се до приватното играње или аматерски снимки. Меѓутоа дали некој кога би размислувал би се сетил да го направи ова што го има направено еден родител од САД.

Можеби кога ќе се размисли и не е до толку чудно, сепак дроновите се првично измислени за слична намена. Крис Ерли од американскиот град Knoxville решил да го искористи неговиот дрон за да ја следи неговата 8 годишна ќерка на патот до училиште.

Таа од него побарала самата да оди до училиштето, односно тој да не ја носи веќе. Загрижен, но и човек кој што го интересира ваквата технологија, тој го летал неговиот дрон во близина на ќерката се до училиштето.

Крис сепак истакнува дека тој не планира ова да го прави секој ден, односно дека само си поиграл првиот пат кога ја пуштил неговата ќерка да оди сама до училиште.

Веста е пренесена од локална телевизија и репортажата можете да ја погледнете во продолжение.

Извор: Local8Now

Претходна статијаРешена мистеријата како Еѓипјаните пренесувале масивни камени блокови низ пустината
Следна статијаОдличната MK Transport достапна за корисниците на Android
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.