Минатата недела Tesla Motors го претстави новиот Model 3. Со пониска цена од претходните модели, наменет е за широките маси, а Елон Маск се надева дека овој модел ќе го започне масовно користење на електричните автомобили.
Model 3 стана достапен за преднарачка на денот на неговата презентација, а бројот на луѓе кои го резервираа своето место е многу поголем од очекувањата. Елон Маск преку својот Twitter профил најави дека ќе треба да го размислат процесот на производство од почеток, затоа што на овој начин нема да можат да постигнат.
Definitely going to need to rethink production planning…
— Elon Musk (@elonmusk) April 1, 2016
Во првите 24 часа од почетокот на нарачките, биле нарачани 180.000 автомобили, а просечната вредност на нарачките била 42.000 долари. Тоа значи дека направени се нарачки во вредност од 7,5 милијарди долари, многу повеќе од тоа што досега успеваше да го постигне компанијата.
Model 3 orders at 180,000 in 24 hours. Selling price w avg option mix prob $42k, so ~$7.5B in a day. Future of electric cars looking bright!
— Elon Musk (@elonmusk) April 1, 2016
До сабота бројот на нарачани автомобили ја има достигнато бројката од 276.000.
Сепак, постои можноста дел од луѓето да се премислат до идната година, кога ќе почнат испораките на автомобилите, па бројката да биде нешто помала. Како и да е почетокот е навистина надежен, а како што кажа и Елон Маск, иднината на електричните автомобили изгледа светла.