Хит производителот во авто индустријата е далеку од нашиот пазар и веројатно ќе поминат уште неколку години пред некои купувачи да се одлучат да го купат, но во САД Tesla нуди се поевтини и подостапни изведби на своите модели, како што е новиот Model X 60D.
Цената на овој „кросовер“ модел на Tesla нема да биде на нивото на Model 3, кој веќе беше претставен и кој ќе чини 35.000 долари, но ќе биде значително пониска од досегашната почетна цена. Model X 60D ќе чини 64.500 долари со даночните олеснувања, што е цена со која сериозно конкурира на премиум SUV и „кросовер“ моделите од луксузниот сегмент во високата класа.
Сепак, има еден недостаток – овој модел ќе има автономија од само 320 километри според Tesla, што во превод значи околу 250 километри во реалниот свет. И сето тоа само ако бидете нежни со педалата за гас. За среќа, со софтверска надградба во иднина сопствениците ќе можат да добијат плус 20% автономија со едно полнење. Исто така, забрзувањето до стотка на овој модел е за „само“ 6 секунди и постигнува максимална брзина од 210 km/h.
Овие цени во САД секако се со даночни овластувања поради еколошката страна на овие возила. Кај нас, очекувајте цените да се значително повисоки, секако доколку Tesla се одлучи да ги понуди овие возила, односно доколку имаме развиено добра мрежа на електрични станици за полнење.
Извор: TechCrunch, Autoblog, Engadget