Компанијата Tesla е препознатлива по тоа што е предводник кога се во прашање иновациите и практичната примена на обновливата и еколошка енергија. Во таа насока, од компанијата планираат веќе годинава да започнат со инсталирање на соларни покриви кои ќе нудат бесплатна енергија за домаќинствата. Меѓутоа, проблемот се јавува поради комплицираноста на процесот на инсталирање кој всушност претставува замена на комплетниот кров, што не секогаш се покажува како практично.

За да се одбегне таквата пречка, Tesla и понатаму нуди алтернативни решенија за користење на сончевата енергија преку новите панели изработени од Panasonic. Нископрофилните панели кои се едноставни за монтирање и дизајнирани специјално за Tesla се плод на партнерството на двете компании кое своите корени ги влече во автомобилската индустрија, каде Panasonic изработуваше батерии за електро-возилата на Tesla.

Панелите се’ уште не се ставени на производна лента, меѓутоа стартот на производството се очекува ова лето. Она на што е посветено внимание е „камуфлирањето“ на панелите, па така истите лесно се вклопуваат во голем дел од материјалите од кои се изработуваат крововите. Иако, нејасно е на кого би му претставувал особен проблем изгледот или бојата на истите, очигледно од компанијата ова го доживеале како проблем.

Што се однесува до техничките карактеристики на панелите, капацитетот со кој располагаат е 325 вати, а од Tesla гарантираат најголема долговечност и издржливост. Дополнително за заштеда на акумилираната енергија ќе се погрижи Powerwall, кој ја собира и чува енергијата која можете да ја користите по потреба. За порачување на панелите веќе постои опција преку новиот веб-сајт промовиран токму за таа намена, но стартот на производство е се’ уште неодреден.

Извор: TechRunch

Претходна статијаOnePlus 5 ќе има Snapdragon 835 и 8 GB рам меморија?
Следна статијаWindows 10 Creators Update сега достапен за сите корисници