Фото: Shutterstock.com

Uber идната година ќе почне со тест за достава на храна со автономни возила за нивниот познат Uber Еats сервис. Моментално овој сервис функционира како сите такви сервиси, односно храната ја подигаат и доставуваат возачи со автомобили, скутери, велосипеди и слично.

Тестирањето на достава со користење на автономни возила е дел од генералниот план на компанијата во иднина да функционира само на основа на вакви возила, односно воопшто да не соработува со возачи.

Компанијата Motionless од Калифорнија, САД е соработникот на Uber за автономните достави, а по продажбата на сопствениот дел за автономни возила во Uber, од компанијата ваквите планови веќе мора да ги прават со соработка со други компании.

Двете компании не дадоа повеќе информации за тоа како планираат да функционира оваа автономна достава. Се што е познато е дека истата ќе се тестира само во еден град, Санта Моника, Калифорнија, каде е и седиштето на Motionless.

Исто така, изборот на храна за време на тестот ќе биде ограничен, а ќе бидат ограничен изборот на ресторани, кој е доста голем кај Uber Eats.

Motionless за тестот ќе ги користи своите посебно прилагодени Hyundai IONIQ 5 возила кои досега беа развивани како автономни такси возила. Истите се посебно прилагодени за да може да се користат за достава на храна.

За време на тестот доставата нема да се прави баш автономно, односно не целосно, па во возилото ќе биде присутен човек којшто ќе ја контролира работата.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаТИРЗ: Отворен систем за претставки од граѓани и домашни компании
Следна статијаInstagram ја помина границата од 2 милијарди корисници, но изгледа дека нема да се пофалат за тоа
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.