Volkswagen има нов концепт со кој ќе се спротистави на конкурентите во светот на автономните возила. Овој концепт е наречен Sedric. Името Sedric има скриено значење, тоа е кратенка од self-driving car. Sedric спаѓа во категорија на целосно автономни возила, што значи дека нема волан и педали. Овој концепт на Volkswagen беше претставен на авто шоуто во Женева. Речиси сите автономни возила, а особено целосно автономните, имаат специфичен изглед на којшто ќе мора да се навикнуваме во иднина.

Овој концепт на Volkswagen има многу сличности со некои други концепти на автономни возила. На пример врати слични со оние на Chrysler Portal, детали во внатрешноста како Rinspeed Oasis итн. Благодарение на дигиталните предни светла, овој концепт може дури и да им „намигне“ на своите сопственици, нешто слично како Toyota Concept-i. Автомобилските компании посветуваат многу време и енергија со цел да ги претстават нивните автомобили како пријателски насториени кон семејствата, понекогаш дури и како домашни миленичиња.

Sedric можеби нема да влезе во сериско производство во иднина. Ова возило може да послужи како тестирање на идеи коишто Volkswagen ќе ги искористи за некои други нивни возила во иднина. Компанијата го опишува како пионир во автономните возила. Sedric е дизајниран и произведен во две одделни организации на Volkswagen, едната во Wolfsburg, а другата во Potsdam. Клучен елемент во поврзаноста меѓу овој концепт и неговиот сопственик е дигитално копче, коешто менува бои и вибрира кога автомобилот е во близина.

Извор: TheVerge, Fortune

Претходна статијаЗошто Apple сè уште доминира на пазарот на компјутерите?
Следна статијаStephen Hawking со ново предупредување за вештачката интелигенција