Еден од најчестите извори на загадување е звучното загадување. Иако на прв поглед ова изгледа како „изгубена кауза“ и смешно, огромен извор на секојдневните нервози и стресови се преоптовареноста со звуци кои едноставно не престануваат. Воедно, се шпекулира дека губењето на слухот токму поради постојаните гласни звуци во околината е трет по големина здравствен проблем во САД. Сега не изгледа толку смешно, нели?
Ако сте сепак уживател во музиката додека патувате низ гласни предели, се појави решение за вас: AEGIS Pro. Се работи за слушалки кои имаат неколку напредни технологии кои ќе ви овозможат да уживате во музика или аудио книги додека патувате со автобус или низ гужва, без да има потреба да го појачувате сигналот – и со тоа да го зголемувате оштетувањето на слухот.
Слушалките се создадени од една необична комбинација – татко, со повеќе од 20 години искуство во потрошувачка електроника, и син – кој има 16 години. Сепак, само со неговите 16 години тој успева да внесе технологија во слушалките која често ја има само делумно во други многу поскапи производи од веќе познати производители.
Слушалките во себе имаат:
- безжичен пренос на сигналот – нема кабли кои би ги тегнеле или врзувале на места. Секако, можете да си употребите и кабел ако повеќе ви одговара;
- 14 часовен рок на траење на полна батерија;
- контроли за контрола на музиката или повици на вашиот преносен уред;
- LE диоди кои покажуваат различни нивоа на безбедност на нивото на гласнина; и, за крај тоа што е најбитно,
- технологија за поништување на надворешен шум.
Зошто вградената технологија за поништување на шум е најбитна? За да би можеле ефикасно да ја намалиме гласнината на која слушаме како не би го оштетувале слухот, а додека сме некаде каде околината е многу гласна, потребна е технологија за поништување на надворешниот шум. Ваквата технологија работи со помош на микрофони кои потоа во обратна фаза се комбинираат со внатрешниот звук кој доаѓа од слушалките, така поништувајќи го шумот и овозможувајќи да се слуша музика на далеку пониско ниво него предходно потребното.
Самите слушалки имаат вградено софтвер кој го изедначува нивото до максимални 85 дБ на целосен звук (внатрешен и надворешен заедно), а кога се надминува тие активираат неколку нивоа на поништување на надворешниот слух како би се одржало истото ниво со почист сигнал.
Засега ова е Kickstarter кампања која веќе ги надмина потребните 25 илјади долари за два пати. Има уште неколку слободни слушалки за нарачување за околу 100 американски долари, што е сосема во ред (па дури и евтина) цена за вакво парче технологија. Заштитете си го слухот без да го намалувате квалитетот на музиката – нарачајте си AEGIS Pro.
Извор: iPhone Life, Crowd Funding PR