Реномираната дизајнерска компанија Pininfarina во партнерство со Chic Trading претставија пенкало Napkin Pininfarina Cambiano со специјална метална легура која не се троши, а постојано пишува. Аеродинамиката ги предизвикала италијанските дизајнери од фирмата Pininfarina да создадат славни дизајни за Ferrari, токму истите својата мајсторија ја примениле и на ова пенкало.
Секако дека не е трик, процесот зад ова едноставно се објаснува со тоа што самото пенкало не користи мастило туку принципот на оксидација со тоа што врвот на пенкалото оксидира на хартијата. Специјалниот материјал што го користи ова пенкало Pininfarina Cambiano се вика ethergraf, патентирана метална легура развиена токму од италијанскиот производител Chic Trading чија што дивизија e Napkin.
Дрвото и алуминиумот што е користен за дизајнот на пенкалото Cambiano ги наследува од последниот концепт за електричен автомобил на Pininfarina кој може со едно полнење да вози 804 километри, за разлика од пенкалото кое може бесконечно да пишува.
Извор: Wired