Фото: Apple

Неколку различни неофицијални извори најавуваат дека наредната генерација или може и целосно посебна верзија, од AirdPods Pro ќе дојде со една или две камери вградени во нив. 

Од една страна ова звучи како Apple да планираат да претстават уред кој ќе ги користи камерите за „свесност“ за околината, па со помош на вештачката интелигенција ќе бидат отворени целосно нови функции. 

Ова е во категоријата на досега неколку неуспешни производи, но доколку Apple нешто такво додаде како дел од веќе успешните AirPods Pro, приказната веќе целосно се менува. 

Сепак, работите може нема да одат во тој правец, па според други извори, AirPods Pro ќе имаат камери, слични како во Face ID, кои ќе бидат тука да ги забележуваат гестикулациите од корисниците. 

Со тоа корисниците добиваат можност за контрола на одредени активности без потреба од допирање на слушалките, а со тоа добиваат и можност за повеќе функции. 

Неофицијалните информации веќе ги нарекуваат овие слушалки AirPods Pro 4, но мали се шансите така да бидат наречени со оглед на тоа што AirPods Pro 3 беа претставени минатата година, а од компанијата претставуваат нова генерација на неколку години. 

Тоа што е можно, доколку навистина Apple работат на слушалки со камери, кои би биле претставени наскоро, е да бидат целосно посебна верзија или некаква надградба на постојниот модел.