Дали некогаш сте се малтретирале под лавабото, обидувајќи се да ја погодите големината на матицата/штрафот кои треба да ги одвртите со рачваст алат? Тогаш веројатно знаете колку малтретирање има во истото, особено ако не знаете да ја процените големината од прва.
На помош доаѓа Apperture Wrench, клуч кој ќе ви овозможи совршено поклопување околу главата која треба да ја одвртите. Место да имате цел шкаф со рачвасти и ѕвездасти клучеви сега имате еден кој се прилагодува на ширината на главата и се заклучува во позиција, овозможувајќи ви одличен зафат и – аирлија работа! Клучот има и LED светилка па сите оние вечерни часови кога сте држеле светилка во рака или заби правејќи акробации ќе ви бидат олеснети.
Клучот се приспособува на големината на главата преку вртење на тркалце кое се наоѓа околу неговата глава. Постои специјален простор во кој со помош на прстите ја одбирате големината на која се стега истиот, што ќе овозможи без да го враќате назад да го прилагодите. Клучот е прикажан како проект на Behance, каде можете да го видите процесот на неговото создавање и дизајнирање. Инаку неговиот дизајн е инспириран од блендите на фотоапаратите, бидејќи тие се отвораат и затвораат слично на прилагодувањето на овој клуч.
Не се знае дали е достапен клучот за купување, но можете да го следите проектот на Behance за следен развиток.
Извор: Gizmodo, WordPress: Conceptus