Apple повторно започна со продажба на нивните Watch Series 9 и Watch Ultra 2 во САД, откако ја прекинаа продажбата чекајќи го последниот ден од рокот претседателот Бајден да стави вето на одлуката на ITC.
Брзата реакција на Apple беше очекувана и истата вклучува жалба до Апелациониот суд кој донесе одлука привремено да биде тргната забраната за продажба. Тоа што треба дополнително да се одлучи е колку ќе трае одложувањето на одлуката од ITC, односно дали ограничен период или до целосната одлука по случајот на судот.
Тоа што е сигурно е дека Apple ќе може да ги продава овие часовници во текот на празниците, нешто што прави голема разлика за бројот на продадени производи, иако од компанијата ќе мораат долгорочно да го решат овој проблем.
Како што е познато досега, Apple мораше да ја прекине продажбата на овие два часовници поради одлуката од ITC која одлучуваше по поднесокот од Masimo, компанија која тврди дека Apple користат технологија патентирана од нивна страна.
Технологијата во прашање е таа за мерење на кислородот во крвта, а според информациите проблемите започнуваат пред повеќе години кога Apple вработува дел од вработените на Masimo.
Apple продолжуваат да најдат решение да ја избегнат блокадата во случај да го изгубат случајот кај Апелациониот суд, иако тврдат дека тие не ги прекршуваат патентите на Masimo.