За првпат по претставувањето на првиот iPad во 2010 година, Apple минатата година не претстави ниту една нова верзија од повеќето достапни модели денеска. Последните iPad компјутери беа претставени во 2022, односно беа претставени десеттата генерација од основниот iPad, петтата генерација од iPad Air, како и два iPad Pro модели.

Причините за ова не се ни важни, тоа што е важно е што оваа година очекуваме од компанијата сериозно да надоместат за „прескокнатата“ 2023 година.

Нови верзии се очекуваат од сите модели, а се најавува и претставување на 12,9 инчен iPad Air.

Тоа што посебно го привлекува вниманието и се очекува дека ќе направи разлика на пазарот е конечното воведување на OLED екран кај Pro моделите. Поголемиот Pro модел во 2022 дојде со mini led екран, што е подобар од тој на 11 инчниот, но сепак оваа технологија не може да се спореди со OLED.

На ова треба да се додаде и М3 чипот кој се очекува дека ќе биде дел од новите iPad Pro модели, со што тие ќе станат навистина сериозен конкурент на пазарот, кој и така е во главно доминиран од компјутерите на Apple.

Воведувањето на OLED екран кај Pro моделите изгледа ќе донесе одредено покачување на цената, но се надеваме дека тоа нема да биде точно или барем не многу.

Претставувањето на првите нови iPad компјутерите се очекува да се случи прилично скоро, а најдоцна до пролет, па ќе видиме како ќе испандат плановите на Apple.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаИнтеграцијата на Bard во Google Assistant и Google Search прикажана пред официјалното пуштање за корисниците
Следна статијаRenault 5 оваа година се враќа како целосно електричен и модерен автомобил
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.