Во неговиот најнов билтен, кој го објавува секоја недела, Марк Гурман најави претставување на јубилеен Apple Watch за десет годишнината од претставувањето на оваа категорија производи од компанијата.
Apple Watch X, како што тој го нарече овој часовник, исто како што беше наречен и iPhone X, нема да биде претставен оваа година, па тоа може да се очекува за идната година, а можеби и за 2025.
Првиот Apple Watch беше претставен во 2014, но стана достапен во 2015 година, па затоа не е познато која година ќе ја сметаат како десетта од Apple.
Овој часовник се најавува дека ќе биде целосно редизајниран, со поголем екран, поголема батерија, а се најавува и функција за мерење на крвниот притисок на корисниците.
Промената на големината на екранот и батеријата ќе биде овозможена од промената на системот за поставување на ременчињата, кој сега подразбира нивно „провлекување“. Новиот систем би требало да функционира со магнети, па просторот кој сега е зафатен, целосно ќе се ослободи.
За оваа информација Гурман сепак не е сигурен дали ќе биде промената подготвена за пуштање со Watch X.
Што се однесува до моделите кои ќе бидат претставени оваа година, најверојатно на 12 септември, тие нема да имаат некои посебни новини. Како главна се очекува дека ќе биде поврзана со перформансите, поточно вградувањето на нов чип.
Гурман истакнува дека Apple нема цел да корисниците секоја година купуваат нов часовник, па промените кои ги додаваат се доволни за новите корисници или тие кои имаат неколку години стар часовник.